Шанац

Читам Шанац ќе тепал видни опозиционери. Од кога премина во СДСМ?

пишува Звонко Каров

На НАТО му сме сомнителни, сите го сакаме.

Граѓаните бараат резултати од СДСМ. Ќе ги добијат во октомври.

Во македонскиот филм, 27 април, на еден актер повторно му дадоа улога.

ВМРО-ДПМНЕ може да го клекнеш само ако му подадеш рака.

И аргатите не се тоа што беа. Кај Кочо изгледа како да се задоволни.

Алкохолните пијалоци се штетни ако за нив не е платена акциза.

Ќе не примеле во ЕУ и НАТО ако докажеме дека секој Македонец има фотографија од пред некој манастир.

Не верувам во независни институции и слободни медиуми откако Хаурд Хјуз рече дека може да го купи секој човек.

ВМРО-ДПМНЕ преговарал тајно за името. Баш фино, а како поинаку?

На СДСМ му верувам и кога лаже.

Јас сум за изјави депонирани кај лидерот од сите членови на партијата кои нема нема да го бараат за некоја функција.

Талат Џафери ги отвора вратите на Собранието за граѓаните. Заинтересираните можат да остварат контакт со пратениците и во прес-салата.

И јас сум Тиквешки точакџија, го слушам Точак.

Не сум за ресетирање на медиумите, претпочитам исклучување

Нема да ви цветаат рози(те) ако не (им) го пуштате Моцарт.

Нека престанат да ја прават државата, пари снема.

Мухарем Сербезовски пеел за Гадафи, Индира Ганди и Амди Бајрам.

ФФМ треба да знае дека со една бомба не се доаѓа ниту до нерешено.

Министерката за образование (ќе) се погрижи студентите да не бидат во мрак.

Треба да се радуваме, а не да жалиме што СК 2014 е во стиропор, а не во мермер.

ФОН му додели почесен докторат на Влатко Стефановски. УКИМ и Влатко немаат ништо против.

Директорите поставени од ВМРО-ДПМНЕ можат да му направат проблем на СДСМ ако веднаш си поднесат неотповикливи оставки.

И новинар(к)ите си плачат за …..со чест на исклучоци, како што велат.

Во спорот за името со Грција во право сме 100%, ако сме 38 %.

Ќе го следам Шанац, почнал да му се заканува на Тричковски.

Не сум слободен, работам.

Читам Шанац ќе тепал видни опозиционери. Од кога премина во СДСМ?

Не треба да ги бркаат вработените од државната администрација, ќе паднат.

На Заев му требаат млади луѓе, на пример како Тричковски.

Средбите на генерациите се убави, па дури и на оние изгубени генерации.

Ако ве сакаат сите, нешто мора да ви фали.