Општина Неготино ќе троши 4.000.000 денари народни пари за фонтана???

Градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, најави дека прескапата фонтана која им ја ветил на своите сограѓани ќе биде изградена

Жителите на општина Неготино, место кое се рангува меѓу посиромашните општини во Република Македонија, се вчудоневидени од ваквиот потег на Апостолов обвинувајќи го дека не е ниту време ниту место да тој се рафрла со прескапи фонтани на сметка на сиромашните сограѓани.

Во планот и програмата беше изградба на една модерна фонтана која ќе го збогати ликот на град Неготино. Таа фонтана е карактеристична за повеќе европски градови и сметам дека нашиот град заслужува една ваква фонтана иако не чини многу, целиот проект е околу 4.000.000 денари.вели Апостолов за медиумите.

Во целиот свој мандат Апостолов не успеа да го го реши проблемот околу гинеколошкото одделение во Неготино кое за жал не функционира. Неготино со години нема гинекологија а родилките патуват дури до Кавадарци.

Сите граѓани на Неготино ќе бидат горди што во нашиот град ќе има една таква фонтана каде секој граѓанин ќе може да излезе и да прошета на центарот на плоштадот кој што мислам дека е ногу добар, со тоа што би требало да се надгради со некои нови содржини. Сметам дека не е на одмет да биде надграден со една фонтана.изјави Апостолов.

Апостолов дециден во својата намера да изгради фонтана од неколку милиони денари во центарот на Неготино. Во како што вели, “неговата” општина.

Јас кога ќе почнам некоја работа сметам дека до крај треба да ја завршам не само поради тоа што сум го ветил на граѓаните на мојата општина туку затоа што и јас живеам во овој град и тука су роден.- вели градоначалникот на општина Неготино.

Во Неготино нема вода секој ден, по неколку часа, а пак ноќе рестрикциите се целовечерни, односно од околу 23 часот, па се до раните утрински часови.

Апостолов ги одбројува деновите како градоначалник, општината во континуитет назадува, жителите на Неготино со нетрпение ги чекаат локалните избори.