Украдени пари од црквата во селото Горна Бошава

Кражба во црквата “Свети Илија” во кавадаречкото село Горна Бошава

Украдени се пари од црквата „Свети Илија” во поткожувското кавадаречко село Горна Бошава. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информираше дека кражбата била пријавена вчера во кавадаречката полиција.

– Во периодот од 15 до 30 овој месец, од страна на непознато лице е влезено во црквата. Со метален предмет била отворена касата и од неа се одземени пари оставени од верниците – соопшти Додевски.

 

Извор Плусинфо