Фудбалско дерби Вардар – Тиквеш, продадени преку две илјади билети

Повеќе од 2 илјади билети се веќе продадени во Неготино за фудбалското дерби на Тиквешијата помеѓу Вардар и Тиквеш, пренесува порталот 24Фудбал. Најавени се и 6 автобуси со навивачи од Кавадарци. Се очекува в недела да трибините да има дупло повеќе гледачи.

Иако овој натпревар нема никакво резултатско значење бидејќи на табелата сè е јасно, Вардар е убедливо прв и ќе игра бараж (теоретски сè уште може да падне), сепак неверојатен е интересот кај публиката која очигледно е гладна за домашен фудбал.

Нивната прва пресметка сезонава во Кавадраци привлече голем интерес бидејќи 5 илјади гледачи дојдоа на трибините да го гледаат дербито (фото). Тогаш Вардар победи со 2:1.

И додека во Првата Лига играат клубови кои никој не сака да ги гледа, јалови и се обидите на ФФМ да ја врати публиката на стадионите од проста причина што оние клубови кои имаат публика не се таму каде што треба да бидат.

Натпреварот се игра утре, недела, на „Градски“ во Неготино со почеток во 15.30 часот.

Видео: КТВ

Оставете коментар