(ФОТО) Мизерија услови во кавадаречката болница

Вистинска мизерија на детското одделение во кавадаречката болница. Според фотографиите кои што ги доби веб порталот Револуционер од родители на хоспитализирани деца може да се види дека болницата претставува само една обична амбуланта со мизерни услови.

kavadarci-bolnica-mizerija1

“Ова не личи на болница, туку на некој шатор од црвен крст, погледнете ги фотографиите и се ќе ви стане јасно. Инфузија на мало детенце му ставаат а како држач-потпора ставаат отпаден картон, исхраната е “со одличен квалитет”. За децата ни даваат храна односно пасиран компир во чашка од јогурт, се рабира лажичка да си носиме од дома, а за родителите една кришка леб и едно варено јајце. “, напиша родител на хоспитализирано дете.

kavadarci-bolnica-mizerija2

orco-angelovskiЕдно мало потсетување за јавноста и изјавата на директорот на општа болница Кавадарци, Орцо Ангеловски, на ден 30.10.2015 година кога изјави дека во општа болница Кавадарци биле инвестирани над 42 милиони денари за набавка на нова современа медицинска опрема, како и тоа дека разултатите од спроведените анкети покажале дека кај пациентите кои ги користеле здравствените услуги на болницата во Кавадарци имало речиси сто отсто задоволство од болничката нега пружена од лекарите и останатиот персонал, како и од условите во болничките соби.

За најголемиот дел од јавноста ова изјава беше скандал со поголеми размери а анкетата и резултатите од неа беа оценети како најобична нарачка за сеење магла во јавноста.

Скандалите во македонското здравство продолжуваат да се нижат секојдневно со несмален интензитет, граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување за кое добиваат мизерни и катастрофални услуги. Некои од нив платија и со живот!

kavadarci-bolnica-mizerija3

1 коментар на “(ФОТО) Мизерија услови во кавадаречката болница

  • January 20, 2016 at 7:15 pm
    Линк

    So ogled na toa sto nemate novi prilozi, morav tuka da iskomentiram. Dodeka reagirate na sitni raboti, kako novinari koi se pokazale vo borbata protiv nepravdite na aktuelnata vlast predvodena od Gruevski na drzavno i Panov na lokalno, niz Kavadarci ni se slucuva tivko i masovno (pre)vrabotuvanje vo javnite institucii, vo obrazovanieto, zdravstvoto, kulturata, sobranieto i dr. Istrazete malku koi direktori si gi vdomija svoite sinovi i cerki i ostanati clenovi na semejstvoto vo ovoj period. Istrazete malku koi politicki kadri ne zaminuvaat vo penzija (ostanuvaat i po napolnuvanje 64 godini za mazi i 62 godini za zeni) i za kogo gi cuvaat rabotnite mesta. Istrazete malku za trosenjeto na budzetskite sredstva za dnevnici i patni troskovi bez pritoa da se zamine na pat i vo istovreme pienje kafe niz gradot. Istrazete za trosenjeto budzetski sredstva za sekojdnevni reprezentacii po kavadareckite restorani. Istrazete i pokazete uste edno grdo lice na ovaa vlast.

Оставете коментар