(ФОТО+ВИДЕО) „Remember, remember the 5th of November“ – „Маршот на милион маски“ во Лондон

Илјадници демонстранти носејќи ја популарната маска на Гај Фокс (V for Vendetta) вчера протестираа низ улиците на Лондон. Како што ги опишуваат англиските медиуми, анти-капиталистичките анархисти запалиле и возила на полицијата.

Протестот започнал мирно, но потоа помала група се издвоила од коридорот за движење кој го поставила полицијата, по што била спречена да продолжи, а демонстрантите се нашле лице в лице со полицајците. Избувнал судир, во кој полицијата употребила палки.

protest-london2 protest-london3

Со шишиња, фишеци и запаливи материјали, демонстрантите протестирале пред Бекингам Палас и пред киното каде вечерва се прикажувала премиерата на новото продолжение од филмската франшиза „Hunger Games“.

Во друг дел од центарот на Лондон, интервенирала коњичката единица на полицијата, која трипати јуришала кон демонстрантите, пред тие да запалат огномет и да ги исплашат полициските коњи.

protest-london4 protest-london5

Полицијата привела неколку од нив, бидејќи протестите станале насилни, со тоа што биле оштетени возила и биле исфрлени димни бомби. Тројца припадници на полицијата завршиле во болница.

Протестите се случиле веднаш откако Анонимус, хакерската група, предупредиле со зборововите „Полицијата не ти е пријател“.

Оставете коментар