Финска е фина, ама Македонија е вечна!

пишува Звонко Каров

Во одбраната на Македонија има играчи со две леви нозе.

Паметните кои попуштаат завршуваат на нервно.

Кога Иор Дурловски отвора уста сите се проsеваат.

За политичката криза го делам молчењето на Бранко.

Груевски не смее да замине, мора да остане.

Иванов ќе дал мандат под услов да не го з*******.

Тешко на држава што и ги крадат тротоарите.

За двојазичните пари ли е проблем? Пари нема!

Бил во болница, го оперисале.

Мој термин е измислен за да се оди на приватно.

Пуштил брада зошто му умрел берберот.

Финска е фина држава, ама Македонија е вечна.

Денес што видов едно момче, плукнат Борјан Јовановски.

Во Македонија нема расправа, има расправија.

Не ми пцуј мајка ВМРО-вска, ќе те кажам на Фрчко.

Најважни ликови од нашата славна историја се Бата Живоиновиќ и Ристо Шишков.

Време е да се фатиме за работа. Плукнете си на умот!

Кога би можеле да работиме на себе тоа би била најисплатлива работа.

Бевме под турско, српско, бугарско, македонско. Како Пиреј сме.

Крадењето време е дело. Пушењето може да не смири скроз.

Како што стојат работите попрво ќе ја видиме Цеца, отколку новата влада.

Уште како сојузен функционер бил за ВМРО.

Мито бил крстен на дедо му Рушфет.

Што сте запнале за попис, ќе испаднеме мањак.

Какви времиња дојдоа, разбравме каде била родена баба му на Александар Македонски, а не си ги знаеме 3-тите братучеди.

Леќата е здрава за јадење зошто не држи.

После дожд доаѓа сонце. И кал.

Јануари беше ладен, живи изгоревме.

Со еден другар сум фејсбук пријател.

Македонијо, те сакам, ако умреш ќе те отепам.