Китев и Анѓушев со ветување дека ФЕНИ продолжува со работа

ФЕНИ продолжува со работа со нови сопственици

Бетиан Китев, кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од редовите на СДСМ и коалицијата, беше во Владата на Република Македонија. Заедно со транспортерите и доверителите на ФЕНИ Индустри, Китев оствари средба со вице-премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

На средбата се разговарало за состојбата во ФЕНИ, за исплатата на плати и исплатата на доверителите. Анѓушев ветил дека до крајот на следната недела ФЕНИ ќе добие нови сопственици, кои ќе ги исплатат долговите кон доверителите, меѓу кои и на транспортерите превозници кои работат за ФЕНИ.

Како иден градоначалник, секогаш ќе бидам прв поборник за правата на сите мои сограѓани и за решавање на проблемите на Кавадарчани. ФЕНИ продолжува со работа, изјави Китев.