ФЕНИ ОДИ ПОД СТЕЧАЈ!

За 800-те вработени ќе одлучува стечајниот управник на ФЕНИ

Од владата на РМ брифираат дека сепак Фени Индустри оди во стечај. Трите банки доверители на фирмата денес до надлежниот суд поднеле предлог за стечајна постапка, целта е во најкус можен рок дас енајде инвеститор и да се изврши реконструкција и реорганизирање на фирмата

Банките бараат нов инвеститор кој ќе ги подмири долговите кои се во висина од 60 милиони евра од кои 40 милиони евра се долгови кон банките а 20 милиони евра кон доверителите.

Претставниците на банките велат дека се сигурни дека ќе се најде инвеститор и тврдат дека веќе има интерес од две странски компании. Од банките велат дека преговорите со фирмата ЕНЕКОД завршиле безуспешно.

Од владата велат дека последните неколку години компанијата Фени Индустри работела со загуби.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека владата не е надлежна за решавање на проблемот со Фени, но ветува дека ќе сторат се што е во нивна ингеренција да се надмине проблемот а сите вработени да ги задржат своите работни места. Од банки со став дека стечајниот управник одлучува за работните места.