КОШАРКА: Убедлива победа на екипата на “СПОРТИСИМО” на гостувањето во Струмица

Кошаркарската екипа на “Спортисимо”, генерација М15 продолжува со добрите игри

Продолжува серијата добри партии на кошаркарската екипа на “Спортисимо” од Кавадарци, генерација М15. На гостувањето во Струмица, младите кошаркари од Кавадарци со колективна игра и високо ниво на самодоверба, издвојуваа убедлива победа против домаќинот, екипата на “АБА” со неверојатни 21 поени разлика. Резултатот на семафорот на крајот броеше 57:78 во корист на кавадарчани.

Убедлива победа на екипата на СПОРТИСИМО на гостувањето во Струмица

Дури десетмина играчи од екипата на “Спортисимо” се запишаа во листата на стрелците. Најмногу постигнати поени отидоа зад името на Благој Вељковиќ кој постигна 25 поени. Покрај него Борјан Павлов постигна 20, Благој Јорданов 10, Борис Коцев 10, Ѓоко Прстенков 3, Витомир Јаневски 2, Христијан Миленковиќ 2, Иван Чадамов 2, Трајче Илиев 2 и Мајкл Георгиевски 2 постигнати поени.

Убедлива победа на екипата на СПОРТИСИМО на гостувањето во Струмица

Следниот натпревар екипата на “Спортисимо” генерација М15 ќе го одигра утре (сабота, 18.11.2017) со почеток од 14 часот во спортската сала “Партизан” во Кавадарци. Противник ќе им биде екипата на “Феникс” од Скопје.

Убедлива победа на екипата на СПОРТИСИМО на гостувањето во Струмица

Фото – спортска сала “Јасмин”, Кавадарци