Традиционален 11-ти турнир во street ball на “КК СПОРТИСИМО”

Кошаркарскиот клуб “Спортисимо” од Кавадарци со турнир ја заокружи изминатата сезона

Минатиот петок (02 јуни) се оддржа традиционалниот 11-ти турнир во street ball во организација на кошаркарскиот клуб “КК СПОРТИСИМО” од Кавадарци.

kosarka-sportisimo

На овој турнир учествуваа околу 70 дечиња поделени во 3 категории. Во најмалата група победник беше екипата на “Миленка Фруит” за која настапуваа Даница, Драгана и Дарија. Во средната категорија до 11 години шампион на турнирот е екипата составена од Кико, Матеј и Љупче. Победник во највозрасната категорија до 15 години е екипата на “Делта Метал” каде учество зедоа Благоја, Синиша и Милан.

За најдобрите екипи кои учествуваа во финалето беа поделени медали.

Од клубот се максимално задоволни од се поголемиот број на деца кои ја посетуваат нивната школа. Очекуваат интензитетот дополнително да се зголеми веќе од септември кога е почетокот на новата кошаркарска а и училишна сезона.

kosarka-sportisimo3

kosarka-sportisimo4

kosarka-sportisimo5

kosarka-sportisimo6

kosarka-sportisimo7

kosarka-sportisimo8

kosarka-sportisimo9