Турнир во улична кошарка во Росоман, прво место за екипа од Кавадарци

Традиционален турнир во улична кошарка по шести пат се реализира во Росоман

Организатор на натпреварувањето насловено „Street ball Ros 2017“ е Здружението за спортски активности „Рос-247“.

Четиринаесет екипи беа пријавени и се натпреварува деновиве во вечерните часови од 19 до 23 часот, за да се избегнат високите температури. На „Street ball Ros 2017“ годинава настапија екипи од Кавадарци, Росоман, Прилеп, Кочани и Неготино.

kosarka-turnir-rosoman3Согласно на пропозициите секоја екипа е составена од четири играчи. Надвор од натпреварувачкиот дел, за забавата освен локалната поддршка од диџеи и пријатели на турнирот, финалниот ден, беше збогатена со ДНК и Панчо.

Дефинитивно турнирот во улична кошарка донесе многу забава, дружење и интересни дуели, рекоа организаторите за време на синоќешните натпревари кога се играше и финалниот натпревар каде победата замина кај “Инел” и момците од Кавадарци кои патем и го бранеа освоеното прво место од минатата година.

kosarka-turnir-rosoman2

Како и претходните две години, така и годинава натпреварите се одиграа на новите спортски терени во Росоман. Медалите на победниците ги додели легендата на македонската кошарка, Перо Антиќ.

Видео од финалниот натпревар.