(ВИДЕО) Кавадаречки суртук на неделата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ!

Домино грешки на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

ОО на СДСМ Кавадарци на 19.09.2017 преку прес конференција го обвинија кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, дека добил државно земјиште под закуп за кое немал платено концесија за минатата година. Со реакција се огласија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

Кавадаречки суртук на неделата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ!

На прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ која ја одржа извесен лик, Андон Лазаров, целиот потресен и испаничен се обиде да му го обели образот на својот кандидат. Тој презентира документ на јавноста каде кристално јасно може да се забележи дека кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, последната сметка ја платил непосредно по одржаниот прес на СДСМ.

Во обид да ја покријат својата грешка, од ВМРО-ДПМНЕ направиле уште една, овојпат уште поголема. Благодарение на нивното невнимание, неукост и суртуците кои читаат партиски соопштенија пред да ја видат претходно нивната содржина.

На уплатницата кои самите ја објавија јасно се гледа датумот на уплатата, 19.09.2017.