Стопиран откупот на грозје, нервозни и гневни, на лозарите им е дојдено преку гениталии!

Гневот кој е насобран со годините наназад кога доаѓа септември и бербата на винското грозје, денеска во Кавадарци кулминира

Катанци на откупните центри во Кавадарци, стопиран е откупот на грозје. Нервозни, гладни, чекајќи со часови во редица на денешното пеколно сонце пред откупните центри, лозарите својот гнев го истурија кон надлежните институции.

Ова е срам, ова го нема никаде. Како бре не ги срам на ваков начин да не поткусуруваат една рака идиоти во црно бели костуми испоседнати во кожени фотељи, идиоти “патриоти” македонски? За вака ли бевме бре ние лозарите да бидеме зависни од две-три говеда кои “г” не знаат од грозје, а притоа ни ги уредуваат политиките со откупот на грозје. Ова ли е таа патриотска влада која се грижи за својот земјоделец бре?  Абе за ова се одговара бре, а бе ова го нема во нормална земја. Абе не водат ненормални прости ликови, им дозволуваме мајтап со нас да си играт бре. Аризанов, ах што ни направи. Море и ние сме криви што од поодамна работите не си ги зедовме во наши раце.Диме, лозар од Кавадарци

Извалкани, изморени, лозарите со часови чекаат пред откупните центри, гужва и долги колони пред нив.

Погледнете ја оваа колона од трактори. Цел ден сме овде. Никој ништо не кажува. Единствено што знаеме дека се стопирани откупните центри заради некаква инспекција, нешто ги притегаат. Овде сум цел ден. Еве треба децата од училиште да ги земам. Нема кој да ме замени. Ако го оставам овде тракторот ми замина редот. Шо знам, ова е веќе смешно. Ама ние сме смешни, лозарите. Ем тепани, ем ебани. Таа е, се надеваме на подобри идни времиња.Ангел, лозар од Кавадарци

грозје

Лозарите бараат претставници од владата да им излезат во пресрет и да се реши овој проблем. Го повикуваат и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, да се појави пред откупните центри и да даде одговор за настанатата ситуација.

Не може една фирма да има еден откупен пункт. Каков е тој идиотски закон? Еве сега јас треба од Камендол дури до тука да го носам грозјето. Ами тоа е 20 и кусур километри пат у еден правец. Денеска два трактора ако наберам цел ден натаму наваму ќе а изгубам у возење. Ами кога ќе берам. ДПМНЕ се гробари на кавадаречкиот лозар. Имаат илјадници гревови на душа. Се надевам дека ќе одговаараат еден ден за ова.Благојче, лозар од Кавадарци

Во моменти кога состојбата е драматична на терен, ниту еден претставник од владата на република Македонија или пак градоначалникот со локалната самоуправа ги нема да се појават и да помогнат на било каков начин на лозарите. Од претставникот на лозарите, Љупчо Аризанов, нема ни трага ниту глас.

2 коментари на “Стопиран откупот на грозје, нервозни и гневни, на лозарите им е дојдено преку гениталии!

  • September 14, 2016 at 4:18 pm
    Линк

    Ajde sega koj ke im pomogne na lozarite…. sto cela godina se macele za da go proizvedat toa grozje i sega da nemoze da go prodadat za da zarabotat nekoj denar kade e taa vlada da ispadne vo susret so lozarite i toa sto licno jas sum od kavadarci imam lozje i jas 3 godini nemam zemano pari od vinariata Povardarije kade e vladata sega da ja vidam no ke ima izbori ke vidime pak dali ke dobiete tolku glasovi od lozarite sto gi lazevte so subvencii…..

  • September 14, 2016 at 7:19 pm
    Линк

    Kade ste vi sto sedite na fotelji ispadnete da ja vidite makata na zemjodelecot cela godina rabote za da zeme nekoj denar cela familija se posvetuva da bide zastiteno da bide na vreme na vadene na vreme da se srede i koga ke dojde za berenje najgolemi nervozi kade se od vladata sto vetuvaa se za zemjodelecot a na kraj nema nisto za zemjodelecot kako vol za slama i slamata ja nemam zemeno od lani pari za grozjeto a sega pa i nikoj ne go saka svesti se narode makedonski ni izbega uceniot kadar po stranstvo ostanaa samo prostite sto ne razbiraat nisto samo pustat opomeni za da dojdat do nekoja si para iako se podmireni site smetki ami ako ne se podmireni so kamati ke ne oderat kade ste javete se pred ovoj macen narod sto edvaj kraj so kraj vrzuvaat

Оставете коментар