СТОПАНСКА БАНКА “брцнува” во џебот на граѓаните, воведува нова давачка!

Стопанска банка од 20-ти овој месец воведува надоместок за подигање на готовина во денари од шалтерите, соопштуваат од банката

Надоместокот на Стопанска Банка е во висина од 20 денари по поединечно подигање на готовина од страна на клиентот без оглед на висината на износот.

Почитувани клиенти, Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје од 20.11.2017 година воведува надоместок за подигање на готовина во МКД од шалтерите на СБ, во висина од 20,оо денари по поединечно подигање на готовина од страна на клиентот без оглед на висината на подигнатиот износ.

За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страната тука.