“Старо комуњарско ѓубре” – вака градоначалникот Панов се обратил кон член на управниот одбор на ФК Тиквеш

Орданче Бошковски, претставник на навивачката група “Лозари” и член на управниот одбор на фудбалскиот клуб “Тиквеш”, добил вербални навреди од градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов.

“Старо комуњарско ѓубре што јаде гомна…”  вака недолично и со овие зборови Панов му се обратил на Бошковски на денешниот состанок во просториите на локалната самоуправа на општина Кавадарци на кој состанок главна тема бил буџетот на ФК “Тиквеш” и како понатаму во делот на инвестирањето. Веднаш после изговарањето на овие погрдни зборови, градоначалникот Александар Панов демонстративно го напуштил состанокот и притоа изјавил дека средствата кои биле планирани како буџет за наредниот период ќе ги откажел тој лично.

ordance-boskovskiБошковски на својот фејсбук профил ја сподели оваа потресна и немилосрдна сцена од страна на кавадаречкиот градоначалник велејќи дека Панов се однесувал како парите да ги дава од сопствениот џеб а не од џебот на граѓаните.

“…бев избран за член представник на навивачката група во управата на фудбалскиот клуб Тиквеш, функција за која во текот на цела полусезона не бев ниту еднаш повикан на состанок…” објаснува Бошковски. Тој вели дека додека е оваа криминална банда на власт во Кавадарци не сака да има никакви врски со спортот и фудбалот, вели, кој што си дробел тоа нека си срка…

Бошковски вели дека градоначалникот Александар Панов ветил 1.000.000 денари буџетска инјекција за фудбалскиот клуб Тиквеш вклучувајќи ја и организацијата на традиционалниот фудбалски турнир “Вуко Каров”. Но сето останало само на ветувања. Исто така споменува дека досега тој заедно со навивачката група Лозари и кавадаречката фудбалска јавност имаат доставено многу предлози и идеи за подобрување на фудбалот и спортот во Кавадарци, но за жал ниеден предлог не им е усвоен.

boskovski-fb

Со свој став околу целиот овој немил настан продискутира и живата легенда на кавадаречкиот и македонски фудбал, Благоја Бошковски (таткото на Орданче). Тој побара од градоначалникот Панов јавно да му се извини на целото семејство Бошковски заради срамот, навредите и нарушувањето на угледот на нивната фамилија.

blagoja-boskovski“Градоначалниче Панов, веднаш да се извиниш јавно за зборовите што си ги изрекол за син ми, во спротивно ќе си имаш работа со мене. Ако вака ги навредуваш граѓаните од Кавадарци, веднаш да си дадеш оставка бидејќи си неспособен да комуницираш со нив. Со овие зборови што си ги изговорил ја навредуваш фамилијата Бошковски која чесно живее и работи во Кавадарци” – вели Благоја Бошковски во своето јавно излагање кон кавадаречкиот градоначалник.

Претседател на ФК Тиквеш е Илија Темелков кој досека како носител на оваа функција сеуште нема свикано ниту еден состанок на управниот одбор за да се дискутира за и околу кавадаречкиот фудбал. Од неофицијални извори дознаваме дека ФК Тиквеш е должен околу 150.000 денари на основ хранарина, додека тренерскиот состав мака мачи околу месечните примања.