Споделите ги со целиот свет тајните кои Ви лежат на душа

Доколку имате потреба од себе да исфрлите нешто што многу ви прави тежина, но немате храброст тоа да го направите, па дури ниту пред најдобриот пријател, еве ви можност – ослободете се и кажете го тоа анонимно на целиот свет.

Имено, на железничката станица во Брајтон поставен е голем ѕид на кој до 27 септември луѓето од секој крај на планетата ќе можат да ја кажат својата приватност, па ако  сакате и вие да кажете некој збор, можете да го сторите тоа на линкот The Waiting Wall.
„The Waiting Wall“ е уметнички проект преку кој луѓето јавно ги откриваат своите тајни и стравови ископани од најинтимните делови на нивната душа.  The Waiting Wall, по повод дигиталнито фестивал во тој град, е дизајниран од страна на музичарот и „софтвераш“ Ален Донохое и неговиот партнер Стивен Паркер, а момчињата пронајдоа инспирација во книгата на Алан де Ботон „Религија за атеисти“.

 

Е-магазин

 

Оставете коментар