Скандал во детската градинка “Рада Поцева” во Кавадарци

Со три угризи и белези од заби им ја вратиле ќеркичката од градинка. Скандал во детската градинка “Рада Поцева” во Кавадарци. Родителите на едноипол годишното девојче преку фејсбук информираа за траумите низ кое минало нивното дете, како што велат, поради невнимание на воспитувачките, пренесува веб порталот КТВ.

Таткото на девојчето, Далибор Петков бара одговорност од воспитувачките на кои им било оставено нивното дете. Вели дека нема да поденсуваат приватна тужба доколку се побара одговорност од воспитувачката, а во спротивно ќе ја тужеле градинката.

Петков бара средба со директорката на градинката. Рече дека имале лекарска потврда за повредите на нивната ќерка, на која и зарипнал гласот од плачење поради повредите. Ја носеле на лекар и девојченцето морало да прима инхалација.

За случајот од фејсбук дознала и директорката на градинката „Рада Поцева“, Снежана Ганчева. Таа жали за настанот и вели дека веднаш биле превземени мерки. Против негователката била покрената дисциплинска одговорност. За случајот е известено минитерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа Кавадарци.

Извор КТВ

Оставете коментар