НЕВИДЕНО: Обид за силување во штаб на ВМРО-ДПМНЕ!

Се обидел и да и ги соблече долните тренерки, но не успеал бидејќи К.П. давала отпор и повикувала помош во штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Синоќа во изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во село Требеништа, лицето Ф.П.М. се обидел да силува сопартијка К.П. која е кандидат за советник во општина Дебрца од истата партија.

Таа пријавила дека вчера околу 18 часот и 40 минути пред двајцата да излезат од штабот, Ф.П.М. го изгаснал светлото и со раце ја фатил за половината и почнал да ја турка, а таа повикувала помош.

Во еден момент ја соборил на земја, почнал да ја допира по телото и да ја љуби по лицето, а се обидел и да и ги соблече долните тренерки, но не успеал бидејќи К.П. давала отпор и повикувала помош, а во еден момент со рака и ја затворил устата.

Потоа Ф.П.М. застанал и почнал да се извинува и барал да му прости, по што ја отклучил вратата и двајцата заминале.

Извор А1ОН