Луда работа, исечени 60-годишни дрва во градскиот парк во Кавадарци!

Градскиот парк “Љупчо Шкартов” Кавадарци жртва на сеча на децениски стари дрва

Последната сеча на дрвата од градскиот парк “Љупчо Шкартов” во Кавадарци, навлече гнев и незадоволство кај граѓаните. Станува збор на сечење на неколку децениски дрва кои беа симбол и карактеристика за убавината на градскиот парк во Кавадарци.

Еколошкото друштво “Еко Живот” жестоко реагира на ваквиот скандалозен чин обвинувајќи дека ова е начин каде локалните урбани криминалци најчесно доаѓаат до градежно место.

Најлесен начин урбаните криминалци да дојдат до градежно место е ако се исечат некои дрва,ако се уништи нјекое паркче и ако се пренамени локацијата во ГУПот од парк во урбана парцела!!!! Во Кавадарци имаме прекршок на законот за Животна средина кој е јасен: Од вкупната градска површина 20-25%минимум зеленило, а во новиот ГУП кој се спрема има 10% и се предвидува Г1 индустрија (цинкара и …слично). Значи новиот проектант на ГУП во Кавадарци сака да немаме кислород воопшто за дишење и сака да ни ги исече и тие малкуте дрвца што останаа.се вели во реакцијата.

Луда работа, исечени 60-годишни дрва во градскиот парк во Кавадарци!

Од “Еко Живот” велат дека доколку Митко Јанчев како градоначалник и советниците на советот на општина Кавадарци ако имаат свое мислење и се грижат за градот треба да донесат мораториум за сечење дрва од градското зеленило.

На овие обвинувања, со паушална изјава се огласија од некоја од просториите на локалната самоуправа, поточно од кабинетот на градоначалникот Јанчев, од каде реагираат дека сечата на овие 60-годишни стебла е според законските нормативи. Велат дека се невистинити информации на “Еко живот” и дека само се обидуваат да добијат популизам. Според “експертите” од кабинетот на Јанчев, дрвата се исечени поради безбедносни причини бидејќи истите биле стари шеесетина години.

Во реакцијата од кабинетот на Јанчев никаде не е споменато за здравствената кондиција на овие дрва од градскиот парк. Имено, станува збор за исклучително здрави 60 годишни стебла (види фото) кои напротив, наместо да бидат сечени треба да бидат со закон заштитени.

Луда работа, исечени 60-годишни дрва во градскиот парк во Кавадарци!

Во секој случај, некои стари навики од денециското владеење на режимот на ВМРО-ДПМНЕ никако да се искоренат. Сечењето на зелените површини низ Република Македонија беше одлика на Груевски и неговото злосторничко-пајташко здружение кое се влече по обвинителните клупи низ македонските судски ходници.