Безобразлук: СДСМ ги зголемува патните трошоци на пратениците!

СДСМ по стапките  на ДПМНЕ, пратениците и понатаму ќе “дрпаат” големи пари од патните трошоци на терет на граѓаните

Пратениците во 2018 година повторно ќе земаат како и досега пари за патните трошоци со буџетот кој им е на располагање од 1,3 милиони евра, пренесува А1ОН. И покрај наводните заложби на СДСМ дека сакаат да се намалат патните трошоци, сепак и следната година ќе земаат исто пари за колку што во изминатите години држеа прес конференции и ја напаѓаа Силвана Бонева.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој зеде 2588 евра за три месеци годинава, редовно ја критикуваше минатата власт дека сумата од страна на тогашната власт која се издвојувала за патни трошоци на парламентариците е преголема. Крсто Муковски за истиот период зеде 3000 евра, а меѓу рекордерите останува Силвана Бонева со земени 23.000 ерва за цела 2014 година. Тунтев и СДСМ се заложија дека мора да има промени во висината на патните трошоци, но тоа засега не се случи. Јавна тајна е дека сите години пратениците од исти градови се раправаат во Собранието, но заеднички доаѓаат со едно возило, а потоа секој под нив зема пари за патни трошоци.

Покрај сите обвинувања, средствата за патни трошоци на пратениците не само што не се намалени, туку и се зголемени за 10 илјади евра за следната година. Со буџетот за 2017 предвидени беа 80 и пол милиони денари или приближно 1,3 милиони евра. Истата ставка на име трошоци за 2018 година се 81 милион денари, што е 500 илјади денари повеќе од претходната година.

Инаку, вкупниот буџет на Собранието изнесува 9,3 милиони евра, при што најголем дел од него отпаѓа на плати и дневници на пратеници, односно 5,2 милион евра. Од парите на Собранието 35.000 евра плус би се потрошиле и за нововработени 33 лица. На почетокот на годината во Собранието работеле 404, сега се 437.

Годинава зголемена е и ставката на Собранискиот канал за набавка на опрема и машини, од 50.000 на 340 илјади евра.

Парламентот во 2018 година предвидвидел и набавка на нови возила за што би се потрошиле околу 97 илјади евра.