(ВИДЕО)Oтворена железничката линија Неготино – Дубаи

Општина Неготино воведе нова железничка линија

По долги преговори локалните власти на општина Неготино и Дубаи најдоа заеднички јазик. Техничко – административните препреки се веќе минато. Свечено е отворена железничката линииа која ќе ги поврзува овие две метрополи, овие два различни светови.

Само пред неколку часа во Дубаи пристигнаа и првите туристи. Меѓу останатите, еден од патниците беше градоначалникот на општина Неготино како и комплетната администрација од локалната самоуправа. Во изјава за арапскиот тв канал “Ал Ва” неготинскиот градоначалник ги сподели своите импресии.

Можам да искажам огромно задоволство што конечно овој проект го виде својот почеток. Со оваа линија се поврзуваат два света, две култури. Се надевам дека ќе имаме беспрекорна соработка. Во однос на ова прво возење сите кои бевме внатре во возот ги запазивме безбедносните процедури дури патувавме. Уште на самиот старт во Неготино сите до еден ги соблековме обувките пред да се качиме во возот, прописно ги закачивме чорапите на прозорец, а потоа сите колективно исековме нокти. Како на рацете така и на нозете. Јас моите си ги исеков од дома па затоа им помагав на колегите од кабинетот. градоначалникот на Неготино

Меѓу патниците се најде и младо момче од Кавадарци кое беше изненадено на ваквиот технолошки напреден подвиг на соседите од Неготино и побара од локалните власти на Дубаи ако може да ургираат да се воведе и линија Кавадарци – Дубаи. Повеќе од видеото.

 

„Кромид Вести“ е категорија наменета за хумор, сатира, пародија и сарказам. Повеќето од текстовите објавени во „Кромид Вести“ се измислени. Нивната намера не е да навредат или омаловажат. Напротив, да ја оддржуваат смислата за хумор и јавна критика и притоа да изнудат и по некоја насмевка.

1 коментар на “(ВИДЕО)Oтворена железничката линија Неготино – Дубаи

  • November 4, 2016 at 8:10 am
    Линк

    Мудра инвестиција на градоначалникот во описменивање како негово така и на администрацијата. Белки ке поднаучат нешто, како функционира светот.

Оставете коментар