Светска премиера на македонскиот филм „Лазар“ на фестивалот „Браќа Манаки“

Со светска премиера на филмот „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски, вчеравечер во Центарот за култура во Битола свечено се отвори 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе трае во наредните десет дена под мотото „Филмот е убав“.

„Лазар“ е копродукција на Македонија, Хрватска, Бугарија и на Франција и оставрување на режисерот Светозар Ристовски по 11 години.

Тематизира приказна за распадот на едно семејство, кое егзистира со пренесување бегалци. Сценариото почна да се развива токму на ИФФК, на „Манаки стрип корнер“. Филмот веќе е прифатен за натпреварувачка програма на фестивалот во Варшава.

Погледнете го официјалниот трејлер од новиот македонски игран филм.

Извор НОВАТВ

Оставете коментар