ЛЕЛЕ ШТО НАПРАВИВМЕ: Ристо Сакалиев е претседател на совет на општина Кавадарци???

Пазарен ден во советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев е новиот претседател на совет

Небото се отвори над Кавадарци, цела тиквешија се затресе. Се конституира новиот состав на советот на општина Кавадарци. Верувале или не, Ристо Сакалиев е новиот претседател на совет на општина Кавадарци.

Номинирани за претседател на советот беа Ристо Сакалиев од советничката група на СДСМ, и Горица Пеливанова-Вилхелм од ВМРО-ДПМНЕ. После првото гласање, резултатот беше пата-пата, 9:9.

За да биде поинтересно а да не биде ептен очигледно, советничката Божанка Минова непосредно пред второто гласање ја напушти седницата, од засега непознати лични причини. И така во недостиг на нејзиниот “богат и вреден” глас, резултатот од гласањето во вториот круг беше 9:8 во корист на Ристо Сакалиев.

Сакалиев се израдува на тесната победа и веднаш по изборот новиот претседател вети дека ќе работел чесно и одговорно во интерес на сите граѓани.