Решен е проблемот во о.у “Тоде Хаџи Тефов” во Кавадарци

Родителите и децата се изборија за своите права, избирачките места во “Тоде Хаџи Тефов” ќе работат

На вчерашната објава на веб порталот МОЈОТ ГРАД, а истата беше објавена и на други медиуми каде се вели “Револтирани родители ќе ги бојкотираат избирачките места во о.у “Тоде Хаџи Тефов” Кавадарци”, синоќа, до нашата редакција пристигна допис од родителите кои беа иницијатори за подигнување на свеста и одговорноста на конкретните одговорни лица задолжени за овој проблем.

Во дописот до МОЈОТ ГРАД се вели дека проблемот веднаш бил надминат, било најдено решение, родителите биле повикани на средба со директорот а “спорниот” ученик уште вчера бил отстранет од класот.

Родителите се убедени дека директорот Никола Нешковски цврсто стое на својот кажан збор. Во една таква ситуација, при решавање на проблемот, изборите на избирачките места кои се наоѓаат во основното училиште “Тоде Хаџи Тефов” во Кавадарци, ќе си течат во најдобар ред.