Резултати од натпреварите на тенискиот турнир “Црна Река Опен 2016″

Првите денови од европското тениско првенство во категорија за мажи и жени до 16 години каде домаќин е општина Кавадарци, поминуваат во најдобар ред. Поради обемноста на натпреварувањето, дел од натпреварите се играат и на тениските терени во соседно Неготино.

Кавадарци е домаќин на натпреварување од светски ранг а главен “виновник” за тоа е Лазар Мицев, претседател на тенискиот клуб “Црна Река” а истовремено и директор на овој европски тениски турнир.

micev-crna-reka
Лазар Мицев (лево) – претседател на тенискиот клуб “Црна Река”

Останатиот дел од тимот го сочинуваат тренерите Златко Блажевски и Владимир Арангеловиќ од Ниш. Главен и одговорен за квалитетот на тениските терени е Александар Липтов.

Резултатите од сите досегашни натпревари во сите категории кои се одиграни на овој турнир може да ги видите на следниот линк.

blazevski-arangelovic-crna-reka
Златко Блажевски и Владимир Арангеловиќ – тренери

 

liptov-crna-reka
Александар Липтов

 

miceva-crna-reka
Ангела Мицева – репрезентативец

 

Оставете коментар