Реакција на Ротари клуб од Кавадарци за отчетот на ВМРО-ДПМНЕ!

Ротари Клуб од Кавадарци обвинува што нивните проекти се злоупотребени за политички цели

Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваат проектите на одредени здруженија на граѓани. Истите ги објавија во книгата со наслов “отчет”.

Во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ и Панов за периодот од 2013-2017 година е злоупотребен реализиран проект од страна на Ротари клуб од Кавадарци. Станува збор за надворешниот фитнес центар кој е направен од Ротари клуб од Кавадарци. Истиот е лоциран непосредно спортската сала “Јасмин” во Кавадарци.

На социјалните мрежи од Ротари клуб револтирано реагираа на манипулацијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Ротари Клуб Кавадарци е хуманитарна организација која работи за доброто на граѓаните и секогаш е одвоен од политиката. Меѓутоа воопшто не е во ред политиката да ги користи и присвојува проектите на Ротари клуб како свои и да ги користи во политички цели. Нашите проекти се единствено насочени кон граѓаните. Сликите ќе заменат 1000 зборови.соопштуваат од Ротари клуб.

ротари клуб

ротари клуб

ротари клуб