Панчо Минов од “ГРОМ” со реакција и заканa за тужба кон порталот “Мојот Град”

Закана за тужба адресирана до порталот “М0јот Град” и сопственикот Кире Бебеџаков

Закана за тужба адресирана до порталот “Мојот Град” и сопственикот Кире Бебеџаков од страна на Панчо Минов, поранешен градоначалник на општина Кавадарци, сега активен член во партијата ГРОМ. Со општинската организација на оваа партија во Кавадарци претседателува неговата сопруга.

Реакцијата на Панчо Минов се однесува кон Кире Бебеџаков во врска со објавена вест на порталот “Мојот Град” со наслов „Панчо Минов: Точно е дека имаме стан во Скопје во вредност од 120.000 евра“ (5 октомври, 2016 г.). Во реакцијата меѓу другото стои следното:

“Во вашиот портал “Мојот град” на ден 05.10.2016 год. се објави текст за Панчо Минов дека во 2007 год. ми е поднесена кривична пријава од полиција за злоупотреба на службена положба и овластување со која сум осамничен за стекната противправна имотна корист од 1.500.000,00 денари на штета на Општина Кавадарци, заради незаконски исплаќања на дневници за комисии и одбори  на Собрание на Општина Кавадарци за 2005 и 2006 год. и користење на сопствено возило за службени цели без одлука на надлежен орган.

Сето горенаведено е точно.

Но, точна е и вашата злонамера со конструкции на полувистини да пласирате клевети и навреди за Панчо Минов по стотти пат за истата работа од пред 10 години кога ја извршував функцијата Градоначалник.

Ве повикувам вас, Кире Бебеџаков, слободно изнесете факти за оваа и било која друга злоупотреба кога сум бил на функција за да продолжиме во иднина со вас и со вашиот портал пред надлежниот суд за тужба за клевета.

Сопственикот на порталот “Мојот Град”, Кире Бебеџаков, не е изненаден од овие закани кои се адресираат на негово име и адресата на медиумот.

Велам, добро е тоа што има реакција и од таа страна. Сосем нормален и демократски чин за едно нормално и демократско општество. Но дали сме? Евтините приказни од стилот заплашување со тужби и закани од поединци поранешни или сегашни локални кавадаречки функционери и бизнисмени кои немаат никаква правна основа, кај мене едноставно не минува. Не минува ниту кај граѓаните.

Во конкретниов случај, добро знаат кавадарчани кој е Панчо Минов и што тој има направено за општината дури беше градоначалник на Кавадарци. Но, неговиот јавен повик и закана за тужба кон Бебеџаков и порталот “Мојот Град” е нешто сосем различно. Знае и тој самиот дека нема никаков основ за такво нешто, но знае и дека неговата “политичка тежина” во Кавадарци секојдневно бледее. Вистинска дилема е дали Минов му се обраќа на Бебеџаков или пак кон кавадаречката јавност, граѓаните, електоратот во неговата партија кој секојдневно ја откажува неговата послушност. Знаете, избори се ближат.” 

Оставете коментар