Раскол во ДПМНЕ Кавадарци, членството масовно ја напушта партијата!

Гласачите на ДПМНЕ од Кавадарци бараат алтернатива за која партија да го дадат својот глас

Големи турбуленци, несогласувања, разочарани лица при изборот на предлог пратеници кои се ставени на листата во изборната единица 4 за предвремените парламентарни избори наредниот месец. Каменот “падна” на плеќите на Весна Пемова од Вмро-Дпмне која се наоѓа на местото број.5 и Панчо Минов од ГРОМ кои на овие избори се коалициони партнери со ДПМНЕ и се наоѓа на високото место број.4.

Гласачкото тело на ДПМНЕ од Кавадарци посебно оние кои се носители на некои од функциите револтирани од реизборот на Весна Пемова која веќе неколку години по ред е сместена во пратеничката фотеља и некако одтешко и доаѓа да ја напушти. Ова полека преминува традиција да член од фамилијата Пемови се наоѓа на пратеничките листи. Нејзиниот сопруг Илија Пемов помина еден мандат како пратеник во собранието на Република Македоија во периодот од 1998-2002.

За Панчо Минов велат дека по никој основ не можат да разберат од каде и зошто токму тој се наоѓа на пратеничка листа. Велат дека не можат да разберат како тоа Минов кој беше дел од Либералната партија во минатото, па потоа член на Социјал Демократскиот Сојуз, па откако го избркаа од СДСМ потоа премина во партијата ГРОМ на Стевче Јакимовски а сега е во коалиција со ДПМНЕ. Минов веќе се покажа како човек кој не може да се залага за демократија со тоа што уште непочната кампањата почна да се заканува со тужби кон медиумите. Најверојатно и тој ќе обезбеди пратеничко место како и пратенички имунитет.

Актуелниот градоначалник на општина Кавадарци, Александар Панов бил со “врзани” раце околу овој избор на партијата. Исто и претседателката на советот Горица Пеливанова Вилхелм. Членови на ДПМНЕ велат дека одлуката е стигната одозгора.

Гласачите на ДПМНЕ од Кавадарци бараат алтернатива за која партија да го дадат својот глас. Голем дел од нив веќе преминаа во редовите на СДСМ додека многумина алтернативата ја гледаат во ВМРО НАРОДНА на Љубчо Георгиевски како дел од коалицијата “Вмро за Македонија” во која се уште и “Достоинство” на Стојанче Ангелов и “Обединети за Македонија” на Љубе Бошковски. Новоформираната партија “ЛЕВИЦА” исто така ја гледаат како опција.

 

Оставете коментар