Радњански: Редно е веќе еднаш да му го “изгориме газот” на Македонски шуми!

“Ние советниците мораме да ги опомениме од Македонски шуми дека не може да се однесуваат онака како што тие сакаат”

Мора да реагираме за да запре неконтролираната сеча што Македонски шуми ја врши во непосредна близина на изворот “Лукар” бидејќи во опасност е водоснабдувањето. Заматувањето на водата е токму поради тие активности на Македонски шуми – изјави Ташо Радњански, советник во советот на општина Кавадарци.

Овој проблем тангира 40 илјади жители од Кавадарци и Неготино, жители кои пијат заматена вода. Теренот на изворот “Лукар” целиот е исечен од Македонски Шуми. Зaконот вели дека има одредено растојание на кое е забрането вакви активности во близина на извор на вода за пиење. Тие тој закон не го почитуваат. Во една демократска држава, оној кој не го почитува законот оди на суд и судот натаму одлучува.

Во своето излаѓање Радњански потенцира дека редно е веќе еднаш да му го “изгориме газот” на Македонски шуми од Скопје за да знаат друг пат што смеат да прават а што не смеат да прават. Еднаш го инициравме овој проблем но тие и понатаму продолжуваат со овие активности каде последица е кал во водата за пиење. Ние советниците мораме да ги опомениме од Македонски шуми дека не може да се однесуваат онака како што тие сакаат, дека не може да го кршат законот.

Изворот Лукар ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со околните села. Се почесто водата за пиење е со жолтеникава боја во периоди и на најситен дожд. Ситуацијата е алармантна, жителите од овој регион стравуваат за своето здравје.