(ВИДЕО) Путин ги обвини САД дека го финансираат ИСИС

На прашање на американски новинар, рускиот претседател Владимир Путин јасно ги посочи САД како подржувач на ИСИС, а со тоа и креатори на бегалската криза во Европа

Една од опасностите кои ги спомнува претседателот Обама е Исис. Добро, кој на планетава нив ги вооружува? Кој ги вооружува Сиријците кои се борат против Асад? Кој постојано носи оружје во тој регион? Дали вие навистина не разбирате кој се бори во Сирија? Главно платеници. Сфаќате ли дека тие за тоа добиваат пари? Платениците се борат за оној кој плаќа најмногу. Ги вооружуваат и им даваат пари. Јас дури и знам за колкави суми се борат. Потоа ќе откријат некој кој плаќа повеќе… па одат да се борат за него.

Па ќе заземат нафтни полиња. Каде и да е, во Ирак или Сирија, и почнуваат да вадат нафта. Каму санкции за оние кои ја купуваат таа нафта? Верувате дека САД не знаат кој купува? Не се тоа нивните сојузници кои купуваат нафта од Исис? Мислите САД немаат влијание врз нивните сојузници? Или поентата е дека тие не сакаат да влијаат врз нив по ова прашање?

Оставете коментар