Драган Раца: “Публиката во Кавадарци може да биде клучен адут во вечерашниот натпревар”

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Раца, верува во своите избраници како и во кавадаречката публика

Денес со почеток од 20:30 часот во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци се игра третиот натпревар од квалификациите за европското првенство во кошарка. Противник е репрезентацијата на Унгарија. Во изминатите два натпревари кошаркарската репрезентација на Македонија забележа една победа против Луксембург и еден пораз од Велика Британија.

драган рацаСелекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Раца, верува во своите избраници како и во кавадаречката публика која се очекува да ја исполни спортската сала “Јасмин” до последното место.

 

Вечер ќе се сретнеме со силниот состав на Унгарија. За нас најважниот дуел. Доколку сакаме успех во овие квалификации пред се мораме сите натпревари на домашен терен во Кавадарци да ги добиеме. Унгарците завршија голема работа со убедливата победа против Велика Британија. Ние мора вечерва да победиме и покрај хендикепот и отсуството поради повреда на Дамјан Стојановски. Но има уште многу да се игра. Во овие квалификации се е можно. Очекувам голема поддршка од публиката како што беше случај и на натпреварот против Луксембург. Публиката може да биде клучен адут во вечерашниот натпревар. Се надевам на успех.Драган Раца

врбица стефановВрбица Стефанов, легендата на кавадаречката и македонската кошарка, сега како стручен соработник на селекторот Раца, веб порталот “Мојот Град” вели:

 

Проблеми не следат уште од самиот почеток при екипирањето на националниот состав. Сега се случи и повредата на Дамјан кој е еден од клучните играчи а тоа уште повеќе ја отежнува работата. Но што е тука е. Предавање нема, унгарците се квалитетен состав. Во кошарката се е можно. Се надеваме дека салата “Јасмин” ќе биде исполнета до последното мсто. “Лозарите” и громомгласната поддршка од публиката се нашиот адут. Се надеваме на успех.Врбица Стефанов

подготви Бранко Трајковски

 

Оставете коментар