Кавадаречкиот совет изгласа против отворање цинкара на ИГМ во Кавадарци!

Цинкара “НЕ” – едногласно сите советници од советот на општина Кавадарци се изјаснија дека здравјето е приоритет пред се друго останато

Преку 12 илјади потписи беа собрани изминативе денови каде граѓаните од Кавадарци го кажаа јасно и гласно својот став дека се против отворање на цинкара во кругот од градот. Ова беше мотив плус за одржување на вонредна седница на совет на општина Кавадарци каде една и единствена точка беше ова прашање.

На вчерашната вонредна седница советот на општина Кавадарци со негативен став по барањето за отворање цинкара од компанијата ИГМ трејд Кавадарци.

Советниците останаа на ставот кој го имаа и претходно, дека нема да дозволат отворање на тешка индустрија во Кавадарци.

Советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ едногласно се изјаснија дека ќе се залагаат компаниите да ги добијат сите услови да се развиваат но притоа треба да се запазуваат и еколошките стандарди, а кога се работи за здравјето на кавадарчани, едноставно нема потреба од никаква дебата.

ekologisti-kavadarci