Просто мнозинство

пишува Звонко Каров

Јас сум за нова химна, во оваа не можам да се пронајдам.

Не може Јана да биде невина ако земала месечно 25 ооо евра.

Заев треба да им даде шанса на оние кои се помочувале во гаќи кога е основан СДСМ.

Камениот мост нема да се дислоцира.

Си играа во коритото, детска работа.

Множењето со нула е важна политичка операција која има предност над собирањето и делењето.

Простото мнозинство е опасно за државата.

Го критикуваме непотизмот во политиката, а бесрамниот влез во неа од колено на колено го премолчуваме.

Во партијата ако не си примерен војник нема наградно.

Студентите се во паника, секој ќе мора да одговара.

Кога видов како ги тепаат пратениците многу ме здоболи.

Храброста што ја покажа Заев е поголема од онаа на Бранко кога се нафати да биде премиер.

Имаме добар грб, да не го менуваме.

Ако Цацко беше пратеник прв ќе го отепаа.

Тито да имаше факултет Југославија побрзо ќе се растуреше.

Не си го лажете умот, во ВМРО-ДПМНЕ нема ксенофобични.

Најчесто сите граници ги поминуваат оние со одземен пасош.

Лидери, бегајте од многу предани,знаат да бидат прeпредени.

Кога немаше мобилни бевме подостапни.

Оваа младина нема видено мајстор во политика.

Среќно матуранти, продолжете на студии и внимавајте да не си ја расипeте 5-та.

Го тепаме времето, на мала душа е.

Го видов Путин на парадата, поправен е.

Згодните знаат да бидат незгодни.

Ѓорѓе бара мандатарот да му дава нему заклетва, па тоа го нема ни во Уставот.

Од Симон Трпчески било побарано во следниот албум да го преработи Бобек.

Од воздух не се живее,загаден е.

И гола слобода е чиста болест.

Откако се појавија компјутерите, острите пера скоро и да ги нема.

За бедните луѓе нема место во политиката.