ПРОПАГАНДИН – најпродавани таблети во Македонија!

Употребата на “Пропагандин” е орална но истражувањата велат дека и неговата анална употреба ги дава истите резултати

Лекот „Пропагандин“, кој во Македонија се произведува уште од 2006-та година, е препарат што се произведува по лиценца на германската фармацевтска куќа „Доктор Гебелс“. Лекот е со 24 часовно (разорно) дејство 7 дена во неделата.

Иако е доста скап, докажано е ефикасен, и помага при смирување на народот и замолчување на секаква критичка мисла. Се препорачува да се користи нон-стоп.

Таблетите се произведуваат по потреба и тоа наменета исклучиво за таргетирана група на луѓе. Се консумира внатрепартиски, по штабови.

Таблетите “Пропагандин” се производ на македонскиот пазар наменет за подигање на нивото на национализам, фашизам а со тоа автоматски и идиотизам.

Употребата на овие таблети е орална но истражувањата велат дека и неговата анална употреба ги дава истите резултати.

“Кромид Вести“ е категорија наменета за хумор, сатира, пародија и сарказам. Повеќето од текстовите објавени во „Кромид Вести“ се измислени. Нивната намера не е да навредат или омаловажат. Напротив, да ја оддржуваат смислата за хумор и јавна критика и притоа да изнудат и по некоја насмевка.