Пронајден женски леш во реката Вардар

Станува збор за женско лице на возраст од околу 70 години пронајдено во водите на реката Вардар

На 12.10.2017 година во 12.50 часот во водите на реката Вардар, на место викано „Долни Дуќани“- Велес, од страна на граѓанин бил пронајден леш на женско лице на возраст од околу 70 години.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.