Продолжуваат “игрите” во ФЕНИ!

Во ФЕНИ продолжува играта топло-ладно за тоа кој е новиот сопственик на компанијата

Бугарската фирма Енекод како потенцијален инвеститор во на Фени, го одложи рочиштето во велешкиот суд каде требаше да се одлучи дали комбинатот ќе замине во стечај, пренесува телевизија Телма. Во судницата во која присуствуваа вработени, претставници на неколку државни инстиуции и доверители рекоа дека бараат изземеање на овој суд и префрлање на целата постапка во Скопје од економски причини но и за да се добие повќе време за разговори со трите банки доверители. Иако  се очекуваше денеска Енекод денеска да достави нова понуда, тоа не се случи.

Не сме доставиле нова понуда бидејки излегоа нови проблеми во Фени за кои дознавме пред два дена. Има решение од УЈП за неплатени даноци, кои не сме ги знаеле досега. Се работи за сума од 5,5 милиони евра. Се уште сме заинтересирани за целосно преземање на ФЕНИ, но прво треба да ги решиме овие проблеми, се надевам дека тоа ќе биде за 15 дена, кажа Рајчо Кацаров од ЕНЕКОД.

Директорот Кацаров не сакаше да открива детали, тоа го остави откако ќе завршат преговорите со банките. Уверува дека се едниствено заинтересирани за купување на комбинатот Фени уверувајки дека ќе сторат се за да ги задржат сите 850 вработени.

Одложувањето на денешната постапка за синдикатот е опструирање на процесот. Иако и Владата и доверителите беа убедени дека ќе се отвори стечај за Фени со што ќе се забрза постапката за изнаоѓање решение за комбинатот, работата се искомплицира, ФЕНИ не работи и нема пари за работниците. Ова, рече Пеце Ристевски, треба сите да не загрижи.

Барањето за стечај го поднесоа Комерцијална, Стопанска и Силк роуд Банка на кои ФЕНИ им должи 40 милиони евра. Банките тврдат дека тие треба да дадат согласност за новиот сопственик на комбинатот и бараат солиден бизнис план кој ќе гарантира како континуирано работење на фабриката, така и гарантирање дека долгот ќе се сервисира. Останатите доверители имаат побарувања во износ од 20 милиони евра.