Почина професионален војник при вежба на Криволак

При гаснењето на пожарот, професионалниот војник О.Х. (35) од Штип се пожалил на болки во стомакот

На 12.10.2017 година во 15.00 часот на стрелиштето Џидимирци – Криволак, при боево гаѓање, бил предизвикан пожар. Вработени во воениот гарнизон веднаш биле упатени за гаснење на пожарот. При гаснењето на пожарот, професионалниот војник О.Х. (35) од Штип се пожалил на болки во стомакот и повраќање. Тој со санитетско возило бил транспортиран во касарната.

На пат кон касарната здравствената состојба му се влошила, по што санитетското возило се упатило кон Медицинскиот центар Неготино. На пат кон болницата, војникот починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на одбукција.