Потеклото на градоначалникот

пишува Кире Бебеџаков

1. Центарот за справување со кризи и Дирекцијата за спасување и заштита на Република Македонија се во длабока криза. И на двете им е потребно спасување од самите себеси. Имаат 600 вработени од кои поголемиот дел апсолутно ништо не работат. Освен партиските домашни обврски.  Доколку се распуштат и двете по дома, државата секако е во добивка.

2. Општинската организација на СДСМ од Кавадарци деновиве ги реновира своите партиски простории, што се вели, од глава до пети.  Ја сменија дури и влезната врата. Но наидоа на проблем. Некои од нивните “најверни” партиски  членови и после 3 дни сеуште го бараат штабот. Се очекува повторно менување на влезната врата.

3. Кавадаречките лозари се една од најупорните социјални македонски категории кои еве веќе десетта година по ред упорно се лажат себеси дека нема да го продаваат своето винско грозје по ниски откупни цени. Бараат во преговорите за цената да се вмешаат високи владини функционери знаејќи дека однапред тоа е невозможно. Сите се ниски, дебели, грди и арамии. Коцката е фрлена!

4. Уште едно младо момче од Кавадарци го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на патиштата низ Македонија. Неговото мртво тело е пронајдено од неговите другари и пријатели кои самите предупредија за неговото исчезнивање, самите организирале потрага и после 10 часа сами го пронашле телото. Прашањето ми е: за кој курац ја плаќаме полицијата???

5. Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци го прошири својот возен парк со уште еден камион за собирање на градскиот смет. Надлежните велат дека камиончето ќе може да пренесува и до седум кубни метри ѓубриште. Возниот парк на ова јавно претпријатие постојано се зголемува од причина што некои гомна тешко се тргаат од градските улици. А притоа оставаат и голема флека.

6. Го прашав Гугл, пребарувачот, а тој ми вели дека Љубанци е село во близината на Скопје, Република Македонија. Се наоѓа во непосредна близина на селото Кучевиште. Што значи дека по никоја логика на планетата земја, ФК Љубанци не може да биде од Кавадарци, затоа што ништо на овој свет не ги поврзува. Еветуално партијата. Или парата.

7. Сите потекнуваме од некаде: од село, општина, град, планина, планета…Градоначалникот на општина Кавадарци пак, Александар Панов, преку локалните медиуми не убедува дека потекнувал од ЈП “Комуналец”. Нешто овде ми смрди.

8. На следниот евровизиски спектакл, за да им пукне ж’шката на грчиштана, Република Македонија ќе биде претставена од двајца изведувачи. Владимир Пешевски ќе ја блее “Едно име имаме” додека Силвана Бонева ќе настапи со досега најскапата македонска изведба, “Патни трошкови”, која е снимена во партиското студио.

9. Во однос на реновирањето на партиските простории на ОО СДСМ Кавадарци…По тој повод, за утре е закажан протест пред просториите на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци. Членовите и симпатизерите на ДПМНЕ ќе бараат од раководните тела  да им направат уште поубав партиски штаб. Најмалку осумкатница.

10. Временска прогноза за наредната недела во тиквешијата: времето ќе биде сончево и тивко, облачно и ветровито. Можен е ситен дожд а можни се и силни порои. Има шанси за дува тивко ветре а можеби и силна бура. Доколку грми немојте да стоите под дрво. Во никој случај под јавор, бидејќи јаворот содржи сируп кој има својство да ги привлекува громовите. Се очекува снег на повисоките места како Монт Блан и Монт Еверест.

Оставете коментар