Скандал: Постер со ликот на Амди Бајрам закачен во домот на културата во Кавадарци???

Злоупотреба на јавна институција во Кавадaрци, постер од Амди Бајрам закачен одвнатре во домот на културата

Невидена глупост, срам и резил за граѓаните на општина Кавадарци, за една јавна и културна институција и за нејзиниот претпоставен откако пропаганден материјал со ликот на Амди Бајрам осамна на прозорот од домот на културата во Кавадарци.

Граѓаните бараат одговорност од директорот на домот на културата “Иван Мазов – Климе”, Владимир Темков за овој вандал и пропагирање на партиски агенди на ДПМНЕ на терет на јавните институции во градот. За овој скандал, треба и мора да се одговара пред институциите на правдата.

Амди Бајрам

1 коментар на “Скандал: Постер со ликот на Амди Бајрам закачен во домот на културата во Кавадарци???

Оставете коментар