Полицаец зјае додека запрежна кола се движи по еднонасочна улица!

Зачудувачки несекојдневен настан, полицаец препушта возило по еднонасочна улица

Запрежна кола, неозначена, необелажана се движи по еднонасочна улица во спротивен правец во Кавадарци спречувајќи го слободното движење на автомобилите а притоа и загрозувајќи ги животите на учесниците во сообраќајот. Запрежната кола се движи додека непосредно од неа одминува полицаец, припадник на МВР кој апсолутно не превзема никакви соодветни мерки за отстранување на возилото. И покрај реакцијата на граѓаните кои го затекнаа овој скандал, истиот полицаец ја остава запрежната кола слободно да се движи по еднонасочната улица.

Имено, ни помалку ни повеќе, за овој лапсуз да биде поголем отколку што е, се случува токму пред зградата на кавадаречкото МВР.

policaec-kavadarci-zjae2

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, треба сериозно да засука ракави и да не дозволи аматерско однесување на дел од припадниците од МВР. Во овој случај полицаецот исто така е причина за загрозување на безбедноста на сообраќајот низ улиците во општина Кавадарци. Потребни се реформи. Ама од корен.

Фотографиите се испратени од наш сограѓанин онакви како што се. Се надеваме дека на Оливер нема да му претставува тешкотија да го препознае натрапникот.

ФОТО: Реално Кавадарци