Погледнете што даваат за ручек во општа болница во Кавадарци!!!

Дали Тодоров би престојувал заедно со неговото дете во општата болница во Кавадарци и би го консумирал она кое се наоѓа на дневното мени?

Реформите во македонското здравство никако да тргнат по вистинскиот пат, како што личи на една модерна земја која на која граѓаните секогаш треба да бидат во преден план.

Министерот за здравство на Република Македонија, Никола Тодоров, на 02 ноември беше на визита во општата болница во Кавадарци каде имаше состанок со менаџментот на болницата. Присутни беа сите седуммнина, доктори, директори, менаџери…

“Кавадаречката болница во наредниот период ќе стане мини ургентен центар” – тоа беа зборовите на актуелниот министер за здравство Никола Тодоров, кој претходно беше и министер за образование а има завршено правен факултет. Во изјавата за медиумите тој нагласи дека се барале просторни услови за сместување на компјутерскиот томограф, но и за дополнителни оддели кои ќе бидат отворени, овде, во Кавадарци.

Последниве десетина години по ходниците на општата болница во Кавадарци се прошетаа многумина “душегрижници” на македонското здравство, од градоначалници, пратеници, министри, заменици министри, заменици на замениците министри…Фотографирање, селфи, изјави за медиумите. Тоа е сето што го оставија позади себе.

bolnica-kavadarci-rucek-800x445Погледнете го ручекот кој се наоѓа во менито на детското одделение при општа болница во Кавадарци. Оваа фотографија ги преплави социјалните мрежи изминатите 24 часа. Ова за жал станува традиција, за која и во минатото предупредуваа македонските медиуми.

Дали оваа фотографија влева надеж дека овој објект како што ветува Тодоров наредниот периот под покровителство на актуелната влада може да се трансформира во мини ургентен центар? Дали Никола Тодоров би престојувал заедно со неговото дете во општата болница во Кавадарци? Дали би го консумирал она кое се наоѓа на дневното мени во општа болница Кавадарци? Дали било кој функционер би се осмелил да престојува барем една ноќ овдека? Ситуацијата е повеќе од алармантна.

Внимателно изгледајте го видеото затоа што не е различно од ниту едно друго лажно предизборно ветување на ДПМНЕ. Секогаш се зборува за некое идно време кое граѓаните со нетрпение го чекаат дури умираат по болничките ходници на македонското здравство.

Оставете коментар