Победи на екипите на КК “СПОРТИСИМО” во М12 и М15 лигите на Кошаркарска Федерација на Македонија

Кошаркарите на “Спортисимо” поуспешни од “Карпош Соколи” и “Работнички”

Екипата на КК “СПОРТИСИМО“ М15 (играчи до 15 години ) извојува победа во крајно неизвесна завршница против екипата на РАБОТНИЧКИ од Скопје. Иако екипата на Работнички имаше предност дури и од 12 поени во текот на втората четвртина, кавадаречките младинци го прифатија предизвикот и не потклекнаа пред звучното име на гостите. Победата беше извојувана со пожртвувана и храбра игра на двете страни од кошаркарската арена. Конечниот резултат на семаофорот гласеше КК СПОРТИСИМО 54 : 52 КК РАБОТНИЧКИ. Стрелци за победата во кавадаречкиот состав беа: Блаже Вељковиќ со 29 поени и 6 скока, Благој Јорданов со 10 поени и 10 скока, Борјан Павлов со 9 поени и 6 асистенции, Иле Димов 2 поени, Иван Чадамов 2 поени, Ѓорѓи Прстенков 2 поени.

Победи на екипите на КК

Екипата на КК “СПОРТИСИМО“ М12 (играчи до 12 години) забележа значајна гостинска победа против екипата на “КАРПОШ СОКОЛИ” (Скопје) со што го задржа 4-тото место на табелата кое води во finalfour . Натпреварот беше решен во дополнителните 5 минути, бидејќи резултатот во регуларниот дел заврши нерешено 47 : 47. Во продолжението од 5 минути најмалите кошаркари на “СПОРТИСИМО” собраа сила и го добија натпреварот со резултат 54 : 51. Листа на стрелци: Андреј Чадамов 25 поени, Матеј Бојковски 10 поени, Христијан Миленковиќ 5 поени, Љупче Стојановски 4 поени, Александар Зимоски 2 поени, Илија Богев 2 поени, Јован Иванов 2 поени, Андреј Митков 2 поени…

Победи на екипите на КК