Писмо до Господ

Драги Боже, имам мал предлог за тебе: Животот би требало да почне со смртта, а не обратно!
Замисли го ова: Лежиш два метра под земја, околу тебе е мрак и ладно, а ти почнуваш да копаш према светлото.
Кога ќе испаднеш одиш директно во старечки дом, од месец во месец ќе се чувствуваш се подобро и подобро, додека на крај не те исфрлат затоа што си премлад.
Со ‘дебела’ пензија ќе играш голф пар години, од работодавецот ќе добиеш златен часовник за верност и ќе почнеш да работиш многуууу полека.
Од кога ќе го одработиш своето одиш на факултет.
Во меѓувреме си заработил доволно да можеш својот студентски живот да го поминеш како бубрег во лој, секојдневно имаш за излегување, дрога и алакохол, а во глава немаш ништо друго освен цицки и газеви. Кога веќе ќе отупиш од се тоа, стигнало време за на училиште кое се разбира почнува од матура.
Во училиште стануваш од година во година се поглупав, се додека на крај не те исфрлат од неа, секако после тоа мама и тато те водат на сладолед.
После тоа неколку години си играш во песокот, па ќе се преселиш во матката каде уживаш девет месеци и конечно на крај ќе го завршиш овој живот со еден голем ОРГАЗАМ!

Фала однапред,па се слушаме.

“Кромид Вести“ е категорија наменета за хумор, сатира, пародија и сарказам. Повеќето од текстовите објавени во „Кромид Вести“ се измислени. Нивната намера не е да навредат или омаловажат. Напротив, да ја оддржуваат смислата за хумор и јавна критика и притоа да изнудат и по некоја насмевка.