Отворено писмо до градоначалникот и совет на општина Кавадарци

пишува Дејан Рушков, граѓанин на општина Кавадарци

Веќе не знам колку пати е реагирано за истиот проблем, и решение се уште не се наоѓа. Дали сега кога живееме во 21 век и луѓето без проблем се качуваат на месечината, ние жителите на улица “Блажо Алексов” бр. 53 влез 1, 2, 3 и околните куќи кои излегуваат на посочениот паркинг се плашиме како да излеземе од горе посочениот во овие зимски денови, бидејќи како што се гледа на сликите излезот од него е покриен со лед со дебелина и од 5 сантиметри, а да не зборуваме пак во летните горештини какви мириси се шират од таму и какви ли не бактерии излегуваат од мочуриштето кое е на самиот излез од паркингот.

kavadarci-mraz2

Во текот на овие неколку денови од кога темпертурите паднаа под нулата, не се набројуваат колку луѓе паднаа и завршија со скршеници, колку луѓе своите автомобили ги оштетија од лизгање во жардињерата на излезот од паркингот и неколку мали судири со автомобилите кои нормално си доаѓаат од горната страна на улицата, но сепак оние кои излегуваат од паркингот поради немање можност да застанат од ледот завршуваат едни во други, а да не зборуваме и бог да чува знаеме како се вози поготово во ноќните часови и што може да настане.

kavadarci-mraz3

Затоа, за да не дојде до тоа уште еднаш ве замолуваме во најскоро време ако може да го решите настанатиот проблем којшто се влече со години и незнам што се чека, а сигурно проблемот не е нерешлив, доволно е да се постави само дренажа или пак водата која излегува да се насочи.
Однапред ви се заблагодаруваме и се надеваме на ваше разбирање и исто така што е можно поскоро решавање на проблемот.

kavadarci-mraz4

Оставете коментар