Орбан ја извршува задачата на Меркел, бегалската бура допрва претстои

Во моментов унгарската влада ја спроведува “валканата работа на Германија”. Тоа, го рече поранешниот еврокомесар за проширување Гинтер Ферхојген. “Човекот едноставно се обидува да го направи она што го  сакаме од него и на тој начин самите ние да не правиме ништо. Со еден збор Унгарците ја прават нашата валкана работа”, рече Ферхојген пред хрватската телевизија N1.

По повод изградбата на оградата од страна на унгарските власти за хрватската граница Гинтер Ферхојген ја  критикуваше целокупната германска политика по бегалската криза, вклучувајќи и ги  и односите  на земјите низ кои минуваат мигрантите.

“Ние Германците сметавме дека ќе си седиме мирно по средината на Европската унија и дека никој нема да дојде кај нас, освен во аеродромот во Франкфурт”, рече поранешниот еврокомесар. Според него “Орбан крева огради, бидејќи нема друг начин за контролирање на проблемот”. Германскиот политичар повика на изнаоѓање решение за проблемот со мигрантите на европско ниво, бидејќи, според него, “ситуацијата со масовното преселување ќе се продлабочува”. “Она што го доживуваме денес е само почетокот. Бурата допрва доаѓа”, рече уште Гинтер Ферхојген.

 

Локално.мк

 

Оставете коментар