Одделно ќе (из)висите

пишува Замир А. Мехмети

Изминатиот период сите сме сведоци како опозициските политички партии во албанскиот блок, никако неможат да се договорат окулу склучување на коалициски договор за заеднички настап на предвремените парламентарни избори.

Па така најголем профитер од целата ситуација е криминалната банда на власт наречена ДУИ, која по се изгледа ќе издвојува уште една победа, ако до тогаш продолжат политичките ега или како што вика народот мерењето на кого му е поголем , помеѓу опозициските албански лидери.

После десет годими грабеж, после еден куп коруптивни скандали, после невидената политичка ароганција поткрепена со немање никаква опција или политички конкурент, време е овие апаши да ја напуштат власта и да одговараат за сите злодела што и ги направија на Македонија изминатите десет години.

ДУИ, која е наследник на ОНА, која со години се повикува само на албанската кауза, која секогаш кога има потреба пред избори се разбира ги злоупотребува младите дечки кои животите ги дадоа во име на зголемувањата на албанските права во МК.

За денес тие како носител го кандидираат Артан Груби, кој е сигурно најомразениот политичар кај албанците, симболот на селфи глупоста ,кој преку злоупотреба на навивачката група #ШверцериЧаир , ( за денес да не смее да се појави на стадион) ја почна валканата кариера, кој преку исценираниот инцидент во скопско кале директно политички профитираше, значи дека во авионот нема пилот, односно дека на албанците им ја потценуваш интелегенцијата.

Затоа драги опозиционери денес пред вас е историска шанса да ја згазите оваа криминална и ненаситна банда која не е ништо повеќе отколку само албански огранок на ВМРО.

Дајте договорете се, најдете заеднички јазик, обединете се и испратете ги во историја, во спротивно вие ќе бидете едниствените виновници не само за албанското прашање , туку и за несреќата на сите граѓани на Македонија.

Оставете коментар