Нови 26 медали за младите каратисти на КК „Урбан инвест”

Младите каратисти од карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци освоија 26 медали на меѓународниот натпревар „Тетово опен 2015″ кој се одржа во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн” во Тетово, информираше Ивана Аврамова, тренер на клубот.

– На натпреварот учество земаа 418 натпреварувачи од 50 клубови од Македонија, Албанија, Косово, Бугарија и Србија. Карате клубот Урбан Инвест со освоени 8 златни, 7 сребрени и 11 бронзени медали се пласираше на првото место од 50 клубови, соопшти Аврамова.

Покрај пласманот на првото место по број на освоени медали, додаде таа, КК „Урбан Инвест” доби пехар за најбројна екипа на натпреварот.

Извор МИА

Оставете коментар