НВО “Зона” од Кавадарци се офајдила од владата на ДПМНЕ со три милиони денари народни пари???

Кавадаречко здружение добило државни пари во висина од 50.000 евра? За што?

28 здруженија и граѓански организации добиле вкупно 800.000 евра од Владата на ДПМНЕ минатата недела, според одлуката објавена во Службен весник издаден на 23 мај, пренесува Радиомоф.

За поголем дел од овие организации не можат да се најдат никакви податоци при пребарување на интернет. Некои водат кон празни страници или пак кон декорација на нокти, додека еден дел од нив се совпаѓаат со организации кои во минатото организирале активности против опозицијата.

Веб-страна има и Здружението на граѓани – ЗОНА од Кавадарци, кои добиле нешто помалку од 50.000 евра за проект „Заедно за подобро здравство“. Според информациите на нивниот сајт, формирана е 2003-та година и работи на програмите за намалување на штети од употреба на дроги на општинско ниво од 2003 година. Во делот „публикации“ имаат еден информативен флаер за ХИВ, а во делот „активности“ за проектот „Migration is not a crime“, иако нема точен датум од кога е активноста.

Владата, овој оглас за финансиска поддршка го објави на крајот на март, а практично беше најавен на крајот на минатата година од поранешниот премиер Никола Груевски, кој во повеќе наврати порача дека државата треба да одвојува посериозни средства за граѓанскиот сектор.

Извор Радиомоф