ЕКСКЛУЗИВНО: Најголемата акција на МВРО од Александар па наваму!

Македонското МВРО на Чавков ја изведе најголемата акција во историјата на постоење на македонската држава. Од возило кое било дел од ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА во Скопје, МВРО запленило опрема со која изминатиов период се редизајнираа фасадите од проектот Скопје 2014.

Во возилото биле пронајдени балончиња, поликолор (цели 3 килограми), памфлети, детски прскалки за вода и едно пакетче црвена боја фарба за коса. Раководните велат дека ова е најголемата акција на МВРО која е изведена од 356-та година пред Христос па наваму.

Оставете коментар